Екипата на Астон вила забележа убедлива победа од 0-5 на гостувањето кај Шефилд јунајтед, а победникот беше решен уште во првото полувреме кое им припадна на гостите со 0-4.
Астон вила во 20-тата минута веќе имаше водство од 0-3, а конечните 0-4 после првиот дел беа поставени во 30-тата минута. Гостите од „Вила парк“ дојдоа во водство уште во 12-тата минута, што значи дека фенерџијата Шефилд јунајтед одолеваше само десеттина минути.