Нејмар доби суспензија од два меча

Дисциплинската комисија на Француската фудбалска федерација (ФФФ) го казнија Нејмар со два меча суспензија поради црвениот картон на дуелот против Лил и поради непристојното однесување на Бразилецот додека заминуваше од теренот.

Нејмар доби втор жолт картон во 90 минута и автоматски беше исклучен, исто како и фудбалерот на Лил, Тијаго Џело. Додека Нејмар и Џело заминуваа кон соблекувалните, двајцата си разменија неколку вербални провокации, а потоа Нејмар тргна да се тепа со Џело.

За среќа, неколку луѓе кои беа околу двајцата завојувани играчи, успеаа да спречат да не дојде до физична пресметка. Нејмар ќе ги пропушти двата дуела од првенството на Франција против Стразбург и Сент Етјен, но ќе биде подготвен за реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести