Нејмар збесна: Десет луѓе го држеа да не се тепа во тунелот (Видео)

Нејмар покажа дека не може спортски да го поднесе поразот на ПСЖ во дербито од Лил и сакаше да се тепа. Бразилецот беше исклучен во 90 минута по еден дуел со Тијаго Џело. И Нејмар и Џело заработија жолт картон, а и на двајцата им беше втор на мечот и мораа предвреме да одат во соблекувалната.

Двајцата тргнаа кон тунелот и меѓусебно си дофрлуваа, а потоа Нејмар реши вербалната распрација да ја претвори во физичка пресметка. Бразилецот го оттурна противникот, а потоа се обиде и да ја продолжи физичката пресметка. Меѓу двајцата фудбалери се најдоа неколку луѓе кои едвај успеаа да ги раздвојат двајцата фудбалери.

https://youtu.be/PNhZvqbNmnA

https://twitter.com/i/status/1378398705733210121

- Оглас -

Најнови вести