Нејмар фатен во лага: Тврди дека напорно тренира, а пуштил стомак (видео)

Пред околу половина месец Нејмар се фалеше дека тренира понапорно од било кога додека е во самоизолација, меѓутоа според видеото кое кружи на социјалните мрежи се испостави дека суперѕвездата на ПСЖ лаже.

Нејмар се наоѓа во родниот Бразил бидејќи нема обврски со клубот откако се прекина сезоната, а минувачи го фатиле како вози велосипед без маица, при тоа се познава неговиот стомак. Се чини дека најскапиот фудбалер на светот се опуштил за време на карантинот и качил некој килограм повеќе. Очигледно не се придржувал до посебната исхрана и тренинг-програмата додека го чека почетокот на новата сезона во Лига 1.

https://twitter.com/elchiringuitotv/status/1269244872805974018

- Оглас -

Најнови вести