Бразилската суперѕвезда Нејмар е отпишан од тимот на Ал-Хилал. Ова вечерва го потврди тренерот на тимот, Жорге Жезус.
Нејмар повеќе нема да игра за Ал-Хилал, откако Бразилецот не е регистриран да биде дел од составот за вториот дел од сезоната во Саудиска Арабија. Со оваа одлука, Ал-Хилал и официјално се откажува од услугите на Нејмар.
„Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната во првенството во Саудиска Арабија. Причина за тоа е затоа што тој веќе не може да игра на нивото на кое некогаш играше. За жал, за него работите стануваат многу лоши. Уште има договор тука, но мислам дека е најдобро сам да донесе одлука за неговата иднина“, вели тренерот на Ал-Хилал, Жезус.
Во август 2023 година Нејмар за трансфер од 90 милиони евра си замина од ПСЖ и потпиша за Ал-Хилал. Беше најавуван како една од најголемите ѕвезди што ќе игра во Саудиска Арабија, но сепак за една ипол година одигра само седум меча. Најголем дел од времето беше отсутен поради тешката повреда на коленото.
Ал-Хилал на Нејмар му плаќаше 100 милиони евра на годишно ниво. Сега се подготвени дури и да му го исплатат останатиот дел од договорот, само тој да си замине. Ако тоа се случи, Нејмар за две години во Ал-Хилал и само седум одиграни меча ќе замине со полни џебови, односно 200 милиони евра.