30.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Нејмар го уништи корнер-знамето славејќи гол кој воопшто не постоеше (Видео)

Фудбалерите на Интернасионал го победија Сантос со 2:1 на гостински терен во 16-тото коло од бразилската Серија А, а во центарот на вниманието беше ѕвездата на домашниот тим, Нејмар.

Славниот Бразилец се врати во неговиот матичен клуб со надеж дека може да ја врати и формата во која се наоѓаше кога блеската во Европа. Сепак, тоа тешко му оди затоа што сезонава Нејмар постигна само еден гол на официјални натпревари.

Веројатно затоа поранешниот ас на Барселона и ПСЖ побрза жестоко да го прослави голот откако помисли дека постигнал погодок на дуелот против Интернасионал. Нејмар упати одличен волеј, но неговиот удар беше одбиен во стативата од голманот на Интернасионал, Серхио Роше.

Нејмар беше сигурен дека постигнал гол и дека топката ја поминала гол-линијата, па започна да слави. Дури со нога го шутна корнер-знаменцето и го скрши.

Славењето на Нејмар се претвори во фрустрација кога голманот на гостите ја фати топката во своите раце, а судиите проценија дека не е гол.

По овој пораз, Сантос остана на 17-тото место на табелата и е во опасната зона за испаѓање. Со трите бода, Интернасионал сега е на 10-тото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести