20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Нејмар изнуди пенал, па даде гол, Сантос конечно победи со ѕвездата во тимот (Видео)

По повеќе од 12 години, Нејмар се врати во својот матичен клуб Сантос и во четвртиот меч се израдува на првиот гол и на првата победа. Сантос победи со 3:1 над Агуа Санта со 3:1, а Нејмар го постигна првиот гол.

Се играше 14-тата минута кога Нејмар направи одличен продор, влезе во шеснаесетникот и беше фаулиран, а судијата досуди пенал.

Беше јасно дека Нејмар ќе го изведе пеналот и погоди за 1:0, најавувајќи го триумфот пред своите навивачи.

- Оглас -

Најнови вести