Напаѓачот на Ал-Хилал, Нејмар им кажал на своите соиграчи од саудискиот првак дека ќе се пресели во Интер Мајами во летниот преоден рок, тврди Скај Спорт Швајцарија.
Овој медиум повикувајќи се на извори во Саудиска Арабија, истакнува дека договорот на Нејмар со Ал-Хилал е до летото 2025 година, па 32-годишниот Бразилец како слободен и заминал во Интер и би им се приклучил на некогашните соиграчи Меси и Суарес со кои во 2015 година ја покорија Европа како играчи на Барселона.
Нејмар се врати на тренинзите откако закрепна од повреда на задната ложа, а пред тоа цела година се опоравуваше од повредата на вкрстените лигаменти на коленото и скинат менискус, и одигра само два меча.