Нејмар на СП 2026 последен пат ќе игра за Бразил

Ѕвездата на бразилскиот и светски фудбал, Нејмар, најави дека Светското првенство во 2026 година ќе му биде последно со националниот тим.

Бразил е петкратен светски шампион, но последен пат ја освои титулата во 2002 година, а има проблеми и во текот на квалификациите за Мундијалот 2026. Нејмар ќе има 34 години за време на СП следната година.

„Знам дека тоа ќе биде моето последно Светско првенство, мојата последна шанса. Ќе направам се што е можно за да го освојам турнирот“, рече 32-годишниот Нејмар кој е играч на саудискиот првак Ал-Хилал.

- Оглас -

Најнови вести