Нејмар најавува пензија: Настапот на СП во Катар веројатно ќе ми биде последен во дресот на Бразил

Нејмар најави дека по финишот на наредното Светско првенство, ќе се пензионира од репрезентацијата.

Најголемата ѕвезда на „кариоките“ не верува дека ќе игра за својата селекција по финишот на СП во Катар, бидејќи не може да се носи со притисокот.

„Не знам дали сум ментално подготвен после СП во Катар да се носам со притисокот, и затоа мислам дека тоа ќе ми биде последно натпреварување со Бразил.

Сакам да го освојам и на таков начин да ја завршам репрезентативната кариера, но, ќе биде многу тешко. 

Секако дека светска титула ќе биде исполнување на мојот детски сон и се надевам дека ќе го исполнам“ изјави Нејмар.

Во 2022, членот на ПСЖ ќе полни 30 години, а за својата репрезентација има 113 настапи а постигна

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести