Нејмар: Најубаво сеќавање ми е кога со Барса го победивме ПСЖ

Бразилскиот фудбалер Нејмар утре треба да се појави во Париз на тренинг со екипата на Пари Сен Жермен, но очајно посакува да се врати во Барселона, иако тоа нема да биде лесно, бидејќи каталонците потрошија доста пари за Антоан Гриезман, а ПСЖ нема да попушти во преговорите.

Откако не се појави на првиот тренинг на ПСЖ и беше парично казнет, Нејмар сега повторно ги изнервира парижаните, со изјава дека незаборавен момент му била прославата со Барса после победата од 6-1 над ПСЖ.

„Најубав момент во соблекувлна? Кога го победивме ПСЖ со Барселона. Тоа беше незаборавно“ – рече Нејмар во интервју за една бразилска телевизија.

За Нејмар, последните месеци беа тешки, тој се повреди и не можеше да игра на клучните мечеви на ПСЖ во Лигата на шампионите, ја пропушти и Копа Америка. Сега би сакал да си замине од Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести