Нејмар одиграл 42 минути, а заработи 101 милион евра

Бразилската ѕвезда Нејмар заработил неверојатни 101 милион евра од Ал-Хилал за само 42 минути фудбал во текот на 2024 година.

Нејмар пристигна во Саудиска Арабија како големо засилување, но тешка повреда го спречи да го покаже својот потенцијал. Во 2024 година, за Ал-Хилал настапил само двапати, поминувајќи 42 минути на теренот, но според договорот му била исплатена целосната годишна плата од 101 милион евра.

Тој дојде во Ал-Хилал во август 2023 година од ПСЖ за 90 милиони евра и потпиша договор со годишна плата од 100 милиони евра.

Поради повредата, Нејмар одигра само седум натпревари за клубот во последните година и пол, постигнувајќи еден гол и три асистенции. Неговиот договор со Ал-Хилал завршува летово, а обновувањето на соработката е малку веројатно.

Според информациите, 33-годишниот фудбалер би можел да се врати во Бразил и да потпише за својот поранешен клуб, Сантос. Нејмар ја започна својата кариера токму во Сантос, каде ги помина сите младински категории и дебитираше за првиот тим како тинејџер.

Ова би било значајно враќање за Нејмар, кој би можел да му помогне на Сантос повторно да се врати на врвот на бразилскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести