Нејмар вчера уште еднаш ја покажа темната страна и нетрпение во обидот физички да се пресмета со еден фудбалер на Лил во вчерашниот пораз на ПСЖ од Данските доги среде Париз.
Овој потег дефинитивно не е во полза на најскапиот фудбалер во светот, а се чини дека во позадина има посебна причина зошто збесна и направи инцидент. Наводно, Нејмар повторно се предомисли и наместо да го продолжи договорот со Светците, најавил дека сака да се врати во Барселона, па сака на невкусен начин да го најде излезот од редовите на актулениот франвуски шампион.
Шпанските медиуми тврдат дека преговорите за обновување на соработката се прекинати, договор на Нејмар кој важи до летото 2022 година нема да биде продолжен, туку ќе форсира камбек на „Камп ноу“. Нејмар смета дека Меси ќе остане во Барселона и по крајот на оваа сезона, а неговата желба и понатаму е повторно да игра покрај Аргентинецот.
Бидејќи мали се шансите ПСЖ да го обезбеди потписот на Меси како услов да го задржи Нејмар, бразилската ѕвезда на свој начин ќе се обиде да си ја исполни намерата повторно да биде во ист тим со капитенот на Каталонците.