27.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Нејмар плачеше како мало дете по најголемиот пораз во неговата кариера (Видео)

Екипата на Сантос претрпе дебакл на свој терен и со 0:6 загуби од Васко де Гама во меч од 20-тото коло во бразилското првенство. Овој катастрофален пораз посебно го погоди капитенот на Сантос, Нејмар.

По завршување на мечот, Нејмар неконтролирано почна да плаче. За легендарниот Бразилец ова беше најтешкиот пораз во неговата кариера.

Да биде дебаклот потежок, Сантос загуби пред своите навивачи, и тоа од екипа која беше во зоната за испаѓање. Нејмар се врати во Сантос во обид да ја врати старата добра форма и да конкурира за место во селекцијата на Бразил за настап на Светското првенство во 2026 година. Неговиот актуелен договор е до крајот на 2025 година, а потоа планот е да се врати во Европа, во некоја екипа од Топ 5 лигите.

По дебаклот од 0:6, веднаш отказ доби тренерот на Сантос, Клебер Ксавиер.

- Оглас -

Најнови вести