Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар и неговата партнерка Бруна Бјанкарди објавија дека ја очекуваат нивната втора ќерка.
Нејмар има 13-годишен син чија мајка е Карол Дантас, а само пред половина година ја доби ќерката Хелена со Аманда Кимберли.
Интересно е дека веќе има едногодишна ќерка и со Бруна, со која беа скарани лани, кога се дозна за авантурата на 32-годишниот Нејмар со Аманда и раѓањето на малата Хелена. Сега пак се заедно и го чекаат своето второ заедничко дете, повторно девојче.
Нејмар закрепнува од повредата на мускулот и сè уште не планира да се врати во Саудиска Арабија.