Нејмар покажа како изгледа неговата повредена нога (Фото)

Нејмар дефинитивно е во кошмарен период. Откако дојде во Бразил на подготовки со репрезентацијата за Копа Америка, го следат само неволји. Најпрво му беше одземена капитенската лента. Потоа на еден од тренинзите, неспортски реагираше кога тинејџер направи финта на негова сметка, а потоа беше обвинет и дека силувал една девојка. Последното лошо нешто што му се случи е повредата на дуелот против Катар.

Првата ѕвезда на Бразил остана на теренот само 20-тина минути, а потоа со болна гримаса на лицето го напушти теренот. Нејмар заработи повреда на глуждот на десната нога, поради која нема да може да биде подготвен да игра на Копа Америка. Бразил е домаќин на јужноамериканското првенство и прв фаворит за трофејот.

Нејмар реши да ја сподели повредата со сите свои фанови и на Инстаграм објави фотографија, под која напиша „По олујата, секогаш доаѓа мир“.

- Оглас -

Најнови вести