Нејмар повторно се повреди, Бразилците стравуваат дека ова можеби е и крај на неговата кариера (Фото+Видео)

Нејмар по 40-дневна пауза, во понеделникот се врати на фудбалските терени по повредата, но веќе на вториот меч, синоќа, повторно се повреди. Тој со солзи во очите го напушти теренот во 32-рата минута на дуелот на Сантос против Атлетико Минеиро.

Големата бразилска фудбалска ѕвезда пречесто се повредува, па медиумите во оваа земја стравуваат дека оваа повреда може да значи и крај на кариерата на Нејмар.

Тој и во Саудиска Арабија постојано беше повреден, а сега тоа се случува и по враќањето во Бразил. Нејмар оваа сезона за Сантос настапи на 10 натпревари, со ефект од по три гола и асистенции.

Налето се најавуваше дека можеби ќе се врати во Европа, неговата желба беше Барселона, но по најновата повреда, таа опција е се помалку веројатна.

- Оглас -

Најнови вести