16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Нејмар претставен во Сантос пред полн стадион со навивачи (Видео)

Некогаш еден од најдобрите светски фудбалери, Нејмар, и официјално беше претставен во клубот на својата младост, Сантос. Бразилецот го пречека полн стадион со навивачи кои го извикуваа неговото име, а тој се расплака на претставувањето.

Нејмар го раскина договорот со Ал-Хилал од Саудиска Арабија, вреден 100 милиони евра по сезона, откако за една ипол сезона настапи на само седум натпревари. Имаше обиди тој да се врати во Барселона, но откако не успеа, одлучи да се врати во својот матичен клуб Сантос.

 

- Оглас -

Најнови вести