Повеќе од една деценија Нејмар беше еден од најдобрите фудбалери, но сериозните повреди што ги имаше го одалечија од фудбалските терени. Повеќе од една година Нејмар паузираше поради тешката повреда на коленото, а откако се врати, доби исписница од тимот на Ал-Хилал во Саудиска Арабија.
Неколку сериозни светски медиуми најавуваат дека Нејмар веќе има договорено нов клуб, а тоа е бразилскиот Сантос. Во овој клуб Нејмар ја започна кариерата и го покажа целиот свој раскошен талент.
По заминувањето од Сантос, Нејмар потпиша за Барселона во 2013 година, а на „Камп ноу“ остана четири сезони. Потоа направи трансфер во Пари Сен Жермен, каде што играше до 2023 година за да се реши да ја прифати финансиски неодоливата понуда на Ал-Хилал во Саудиска Арабија, каде што не се прослави, па затоа и доби исписница.
Најавите се дека Нејмар во најскоро време треба да го комплетира договорот со Сантос, а ако тоа се случи, Бразилецот повторно ќе го облече дресот на клубот од неговото детство веќе на меч кој е закажан за 5 февруари.
🚨🇧🇷 BREAKING: Neymar’s return to Santos now imminent as verbal agreement has been reached.
Formal steps to follow next week for final formula of the deal from Al Hilal and contracts to be checked.
Neymar already said yes to the move…
…here we go, soon. 🔙🏡 pic.twitter.com/5IQIrLXxpj
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 26, 2025