Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар официјално го напушти Ал-Хилал и е блиску до преселба во матичниот Сантос. Тој се прости од саудискиот клуб и од неговите навивачи.
„Им благодарам на сите во Ал-Хилал, на навивачите. Дадов сè за да играм и посакувам заедно да уживавме во подобри времиња на теренот заедно. Саудијци, ви благодарам што мене и на моето семејство ни подаривте нов дом и нови искуства. Сега ја познавам вистинската Саудиска Арабија и имам пријатели за цел живот. Отсекогаш ја чувствував вашата љубов и страст. Ќе го следам вашето патување и како клуб и како земја домаќин на СП 2034. Вашата иднина ќе биде неверојатна, ќе се случат посебни работи. И секогаш ќе ве поддржувам“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.
Нејмар за 90 милиони евра се пресели во Ал-Хилал од ПСЖ и настапи само на седум натпревари, постигнувајќи еден гол и три асистенции.