Нејмар ја заврши авантурата во Саудиска Арабија и се врати во матичниот клуб, Сантос, а сега го постигна и првиот гол по камбекот во татковината. Тој стрелаше од пенал во победата од 3-1 на Сантос, што за него е прв гол по пауза од 502 дена.
„Се радувам што повторно играм фудбал. Се чувствувам како да ја подобрувам формата. Многу сакав да постигнам гол и успеав. Овој гол им го посветувам на навивачите и на моето семејство“, рече Нејмар по мечот.
Трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ во 2017 година за 222 милиони евра сè уште е најскапиот во историјата на фудбалот.