Нејмар веќе дојде до ефект од два гола и три асистенции во дресот на Сантос и полека ја враќа посакуваната форма. Според медиумите во Јужна Америка, но и дел од европските, целта на Бразилецот е фудбалски да се врати во форма, а потоа и да се врати во Европа.
Неговата желба е повторно да игра за Барселона, а Каталонците планираат налето да се засилат во офанзивата, па една од опциите е и Нејмар, но само ако покаже дека повторно е оној стариот.
Нејмар во 2013 година од Сантос пристигна во Барселона, а во 2017 година направи рекорден трансфер од 222 милиони евра во ПСЖ. Имаше и неуспешна авантура во Саудиска Арабија, во Ал-Хилал, па следуваше враќањето во Сантос.