-3.2 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Нејмар со два гола го водеше Сантос до победа, па славеше во стилот на Винисиус (Видео)

Нејмар имаше вистинско шоу и со два гола донесе победа за Сантос од 2-1 над Васко да Гама, која е прва првенствена за неговата екипа оваа сезона.

Бразилската ѕвезда беше најдобриот поединец на теренот и доколку остане здрав, сериозно се наметнува како избор на Карло Анчелоти за настап на Светското првенство летово.

Нејмар по голот одлучи да слави во стилот на Винисиус, а по натпреварот објасни зошто.

„Кога се соочи со расизам, му кажав: Следниот пат повторно слави на ист начин бидејќи и јас ќе го направам тоа“, рече Нејмар по натпреварот.

 

- Оглас -

Најнови вести