21.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Нејмар со ироничен коментар за изборот на ФИФА

Бразилскиот фудбалер Нејмар очекувал да биде меѓу првите тројца во гласањето за фудбалер на годината во изборот на ФИФА, но откако виде дека го нема, испрати иронична порака преку социјалните мрежи.

Ѕвездата на ПСЖ беше на листата од 11 играчи кои се борат за наградата на ФИФА, но добил помалку гласови од Лионел Меси, Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо. За Левандовски се очекуваше да биде во Топ 3, и фаворит е за признанието, но присуството на Меси и Роналдо е мало изненадување, бидејќи немаа трофејна година, а и индивидуално не блескаа како во минатото.

„Кога не ми оди со фудбалот, ќе играм кошарка“, напиша Нејмар. Потоа додаде уште една објава. „Се откажав од кошарката, станав гејмер“ – порача Нејмар кој и самиот гласаше, како капитен на Кариоките.

Аналитичарите сметаат дека Нејмар, заедно со голманот и капитен на Баерн, Мануел Нојер, се најголеми губитници, а некои сметаат дека и Кевин Де Бројне заслужил место во Топ 3 наместо Меси или Роналдо.

Во гласањето учествуваа селекторите и капитените на сите светски селекции, новинари, и навивачите преку интернет. Гласовите на секоја од овие четири групи вредат по 25 проценти. Победникот ќе се објави на 17-ти декември.

- Оглас -

Најнови вести