Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, на социјалните мрежи се пофали со новата тетоважа на грбот на која еден спроти друг се познатите филмски ликови Спајдермен и Бетмен. Веројатно Нејмар не можеше да се одлучи дали повеќе му се допаѓа човекот-пајак или човекот-лилјак, па на грбот реши да си ги истетовира двајцата, збогатувајќи ја и онака богата колекција на тетоважи по телото.
Вечерва Нејмар со својот тим игра меч од ЛШ против Наполи и ако даде гол, можеби ќе го соблече дресот, па и на париската публика да ѝ се пофали со новата тетоважа која му беше нацртана додека играше покер со пријателите.