Нејмар вели дека Анчелоти ќе биде новиот селектор на Бразил

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, изјави дека актуелниот тренер на Реал Мадрид, ќе биде новиот селектор на Бразил, но и дека сè уште ништо не е официјално потврдено.

Бразилските медиуми исто така објавија дека Анчелоти ќе биде нов селектор на Кариоките, но тој на клупата ќе седне идното лето, односно кога ќе му заврши договорот со Реал Мадрид и ќе ги води на Светското првенство во 2026 година.

„Бразил ќе има привилегија да биде предводен од станец. Анчелоти е тренер кој освоил сè во кариерата, и сигурно ќе има што да не научи. Знам дека тој а планот А за селектор, претседателот на Федерацијата смета на него, ние исто така го сакаме. Засега ништо не е официјално потврдено, се надеваме дека кога ќе му заврши договорот со Реал, ќе ја прифати понудата и ќе биде селектор на Бразил“, изјави Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести