Нејмар: Во ПСЖ сме како семејство во името на една голема цел

Пари Сен Жермен потврди дека е убедливо најдобриот клуб во Франција, откако во своите витрини ги обедини четирите најзначајни трофеи. Францускиот гигант сезоната ја започна со трофеј во Суперкупот, а во последниве два месеци се радуваше на пехарите во првенството, Купот и Лига Купот.

Сепак, сезоната нема да биде комплетно успешна, доколку не се оствари големата цел, а тоа е освојување на Лигата на шампиони. ПСЖ на 12 август ќе игра во четвртфиналето од ЛШ против Аталанта. Се игра еден меч што значи дека се е можно, иако реално Светците се во улога на фаворити на овој меч.

Во отсуство на Килијан Мбапе кој е повреден и ќе го пропушти мечот против Аталанта, Нејмар треба да биде вистинскиот лидер на теренот. Бразилецот вели дека е подоготвен да помогне да го доведе трофејот од ЛШ во витрините на тимот од „Паркот на принцовите“.

„Мислам дека ги имам најубавите моменти откако сум дојден во Париз. Создадовме семејство во името на една голема цел. Сакаме оваа сезона да биде историска за нас. Ќе се бориме за трофејот во ЛШ. Никогаш претходно не сме биле толку блиску до трофејот“, вели Нејмар.

 

- Оглас -

Најнови вести