Нејмар за секој допир со топката во дресот на Ал-Хилал заработил над 300.000 евра

Една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот, Нејмар, пред една и пол година реши да си замине од Пари Сен Жермен и изненадувачки потпиша за Ал-Хилал во Саудиска Арабија. Бразилецот потпиша двегодишен договор и стана вториот најплатен фудбалер во светот (300 милиони евра за две сезони), по Кристијано Роналдо, кој исто така игра во Саудиска Арабија, во Ал-Наср (500 милиони евра за две сезони).

Нејмар беше промовиран како голема ѕвезда, одигра пет меча, но потоа се повреди. Тешката поведа на коленото го одалечи од теренот повеќе од една година, а пред 20-тина дена конечно повторно се врати во дресот на Ал-Хилал.

Сепак, враќањето на теренот во дресот на Ал-Хилал траеше само 20-тина минути. Нејмар повторно се повреди и треба да паузира меѓу четири и шест недели.

Според податоците кои се пресметани, Нејмар е најскапоплатен фудбалер за тоа што го има направено на теренот. Секој одигран меч на Нејмар во дресот на Ал-Хилал сега вреди по 17 милиони евра. За секој допир на топката заработи по 306.000 евра, а секоја минута помината на теренот му вреди 280.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 90min (@90min_football)

- Оглас -

Најнови вести