6000 Челзи – Вилјареал (21ч, Суперкуп на УЕФА)
Освојувачите на ЛШ и ЛЕ од минатата сезона првпат имаат прилика да ги одмерат силите, а европскиот првак е голем фаворит против десеткуваната Жолта подморница која се бори за втор трофеј во клупската историја.
Квотата за обичен „кец“ на Челзи делува доста сигурно, со оглед на квалитетот и речиси перфектниот учинок во подготовките. Тимот на Тухел нареди три победи во генералките и на крај ремизираше со градскиот ривал Тотенхем, додека пак Вилјареал во шест пријателски загуби трипати и ремизираше во останатите средби.
Дуелите за престижниот трофеј на УЕФА ретко кога разочарувале според учинок, па затоа надежите се дека во Белфаст ќе има фешта од голови.
Предлог тип: 3+ (2.20)
6703 Леванте – Кастелјон (19ч, пријателски дуел)
Леванте на Енис Барди во последната генералка мора да оствари победа за да ја крене формата пред стартот на новата сезона во Ла Лига. Тимот од Валенсија добро тргна со две победи, па загуби три од наредните четири пријателски средби, за пред четири дена да се радува против Елче.
Триумф против нисколигашот е она што му треба на Леванте со цел да добие на самодоверба дека во воведното коло во Шпанија ќе се радува против Кадис. Кастелјон памети триумф на Леванте од октомври 2008 година во рамки од втората шпанска лига, додека Леванте триумфираше во четири од вкупно седум меѓусебни дуели.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.86)
1711 Бастија – Нанси (19ч, Лига 2)
Двете екипи се во потрага по освојување на првите три бода во новата сезона од Лига 2, ако се знае дека Бастија тргна со реми, а Нанси нареди два порази од Тулуз и Пау.
Првпат по четири години пауза ќе ги одмерат силите, а Нанси памети триумф во последниот меѓусебен дуел со минимални 1-0. Ако се земат во предвид последните пет средби на овие две екипи, Бастија има подобар биланс со 2-1, а само еднаш меѓу нив се ремизирало без голови.
Со оглед на моменталната форма, може да се очекува тврд меч во кој ќе одлучуваат нијанси.
Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.59)
1127 Нотингем форест – Бредфорд сити (20:45ч, Лига куп на Англија)
Точно 11 години и еден ден поминаа од последната пресметка на Нотингем и Бредфорд, која се одигра токму во Лига купот и заврши со победа од 2-1 во корист на денешните гости по 120 минути игра.
Тоа е единствен позитивен исход со кој Бредфорд може да се пофали во средбите против Шумарите во 21 век, додека Нотингем како домаќин бележи шест последователни победи на оваа екипа, а три од нив се остварени со минимален резултат 1-0.
Има шанси повторно да одлучува еден гол, но желбата за докажување на стартот од сезоната може да резултира со повеќекратно тресење на мрежите.
Предлог тип: 1X & 1-3 (1.85)
1130 Блекпул – Мидлзбро (20:45ч, Лига куп на Англија)
По шест години од последната средба во Чемпионшип, англискиот куп ги спои Блекпул и Мидлзбро за да покажат чија екипа е поквалитетна. Минатото вели дека голови нема да недостасуваат во оваа средба, со оглед на тоа дека просекот е речиси три гола во последните пет меѓусебни дуели, односно повеќе од 12 години немаат ремизирано без голови.
Мидлзбро триумфираше на двете последни гостувања на „Блумфилд роуд“, но овојпат за нијанса Блекпул е во фаворитска улога.
Предлог тип: 1+I & 3+ (2.30)