Некогаш играше во Карпош Соколи, а вечерва го нокаутира Реал Мадрид и донесе куп-трофеј за Уникаха

Кошаркарите на Уникаха славеа против Реал Мадрид со 93-79 во финалето на шпанскиот Куп, освојувајќи го посакуваниот трофеј.

Тимот од Малага имаше одличен старт благодарение на расположениот Тејлор, но Kралевите успеваа да останат во игра, па на полувремето Уникаха водеше со 39-36.

Во второто полувреме, Реал Мадрид влезе со слаб ритам, што Уникаха го искористи за да се одлепи на 64-52, обезбедувајќи си значителна предност која ја задржа до крајот.

Најефикасен на натпреварот беше Кендрик Пери со 27 поени, два скока и шест асистенции. Интересно е дека овој кошаркар во сезоната 2016/17 играше во македонското првенство за тимот на Карпош Соколи.


Кај Реал Мадрид најдобар беше Факундо Кампацо со 14 поени, шест скокови и пет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести