Десеттото коло на Првата Македонска фудбалска лига денес ќе биде комплетнирано со два интересни натпревари. Најголемо внимание секако дека привлекува дуелот помеѓу Вардар и Шкендија, екипи кои до пред неколку години во меѓусебните натпревари решаваа за шампионската титула во Македонија.
Денес ситуацијата е поразлична. Шкендија во мечот влегува како лидер, а Вардар како фенерџија и во борба за гол прволигашки живот. Тетовскиот прволигаш ќе се обиде да го искористи киксот на Шкупи и дополнително да се одлепи на врвот на табелата, додека Вардар мора да оди на се или ништо, со оглед на тоа дека има само пет бодови, а најблиските конкуренти за опстанок во лигата веќе имаат по 10.
Со оглед на ваквата состојба во двата клуба, очекувана е и квотата од 1.50 во Sport Life за победа на екипата на Шкендија. Изненадување и победа на Вардар носи квота од рамно 6, додека нерешениот исход на овој меч е 3.50.
Интересно ќе биде и на вториот денешен меч на кој се среќаваат шампионот на Македонија, Струга Трим Љум и одличниот оваа сезона, Силекс од Кратово. Стружани се фаворити со квота од 1.53, но избраниците на Горазд Михаилов оваа сезона играат одлично и сосема заслужено се при самиот врв на прволигашката табела.
Денес ќе се одиграат и седум натпревари од осмото коло на второлигашката конкуренција.
Двојки – денес 14 часот:
Башкими – Кожуф
Беласица – Новаци
Беса – Вардар Н.
Охрид – Арсими
Пелистер – Скопје
Победа – Детонит Плачковица
Тетекс – Караорман