Некогаш се бореа за светска титула, сега имаат голман кој прима погодок од гол на гол (Видео)

Во чилеанското првенство, падна гол каков што ретко се гледа на фудбалските терени.

Спектакуларниот погодок го постигна голманот Леандро Рекуена, кој од ивицата на својот петерец ја шутна топката напред, а веројатно и со мала помош од ветерот, и катастрофалната проценка на противничкиот голман Брајан Кортес, даде гол за паметење.

Ова не се случуваше на некој селски меч од пониските лиги, туку на дуел од првата лига помеѓу Кобресал и Коло Коло.

Коло Коло е клуб кој пред 32 години беше првак на Јужна Америка и играше финале на Интерконтиненталниот куп против тогашниот европски шампион Црвена ѕвезда. Очигледно дека денешницата не им е толку светла.

https://twitter.com/i/status/1637228784842620928

- Оглас -

Најнови вести