Ројстон Дренте, некогашната голема надеж на Холандија и талент на Реал Мадрид, потполно банкротира.
Иако како 20-годишен му се предвидуваше голема кариера на „Сантијаго Бернабеу“ и притоа многу млад почна да ужива во милионите, Дренте не успеа да заштеди ниту денар.
Воедно му пропадна бизнисот со бутик за облека, не успеа ниту да изгради музичка кариера како хип-хоп артист, па пред Судот во Холандија Дренте прогласи банкрот.
Во Мадрид не го оправда потенцијалот и очекувањата, му следуваа неколку позајмици во родната Холандија, а потоа и во Евертон. Дренте кратко играше и во Чемпионшип лигата, во редовите на Ридинг и Шефилд вензди, а сега на 33 години Дренте игра во третата холандска лига за тимот на Козакен бојс.