Поранешниот холандски фудбалер и актуелен спортски директор на Антверпен, Марк Овермарс, се чувствува добро откако преживеа мозочен удар. Овермарс кој има 49 години, во кариерата играше Ајакс, Арсенал и Барселона, а во 2009 година реши да стави крај на активното играње и тоа во дресот на Го Ахед Иглс, каде што и започна неговата кариера.
За среќа, мозочниот удар кој го имал Овермарс, бил не многу силен, па тој сега се чувствува добро во болницата.
„Марк е добро, но мора да мирува одреден период. Тој и неговото семејство се фокусирани на неговото опоравување и засега не сакаат ништо да коментираат. Антверпен му посакува брзо закрепнување“, стои во соопштението на белгискиот клуб.