Некогашниот европски и англиски првак, после 23 години се враќа во Премиер лигата!

Најскапиот натпревар во фудбалот, како што го нарекуваат финалето од баражот за влез во Премиер лигата, му припадна Нотингем форест.

Клубот кој двапати беше европски првак, а еднаш шампион и на Англија, после цели 23 години се враќа во елитата, затоа и радоста на нивните навивачи е огромна. Историски гледано, местото на Нотингем Форест секако е во Премиер лигата, но попладнево на „Вембли“ имаа и многу среќа.

Прво, затоа што голот за победа од 1-0 беше автогол на противнички играч, и второ затоа што во една спорна ситуација кога најверојатно направија пенал, но судијата Мос и судиите во ВАР собата одлучија дека немало пенал на Хадерсфилд.

Оваа одлука ќе донесе многу контроверзи и коментари, одлуката чини 170 милиони фунти, но едно е јасно, нови премиерлигаши се Шумарите.

- Оглас -

Најнови вести