Некогашниот фудбалски репрезентативец на Србија стана кошаркар

Фудбалерот Адем Љајиќ реши да се испроба и на кошаркарскиот терен. Љајиќ, кој е дел од тимот на ФК Нови Пазар, сега е промовиран и како нов играч во кошаркарскиот клуб на Нови Пазар 1969.

Овој тим игра во првата регионална лига Запад Б, а Љајиќ вели дека со ова му се остварува еден негов сон, да заигра кошарка.

„Нема потреба да го претставуваме, сите многу добро го познаваат и знаат колку тој има придонесено за спортот во Нови Пазар. Тоа е еден и единствениот, нашиот Адем Љајиќ. Нема во целост да ја замени фудбалската со кошаркарската топка, но ќе му биде на располагање на тренерот Хаџериќ. Ќе може да игра согласно со фудбалските обврски“, стои во соопштението од КК Нови Пазар, тим кој е лидер во својата лига во која се натпреварува.

Љајиќ сезонава одигра 14 меча во фудбалскиот тим на Нови Пазар и е одличен со пет погодоци и шест асистенции.

- Оглас -

Најнови вести