Некогашниот репрезентативец донесе радост за Македонија ЃП во Охрид

Некогашниот репрезентативец на Македонија, Кире Маркоски го постигна единствениот гол на дуелот во Охрид каде екипата на Македонија Ѓорче Петров победи со 1:0, во меч од 16 коло на Втора лига. Маркоски беше прецизен во 76. минута и тоа беше доволно за лидерот да стигне до три бодови.

Башкими киксираше на свој терен против Борец. Башкими водеше со 1:0, но се играше 105 минута кога Борец израмни на 1:1. Брегалница падна на третото место на табелата откако ремизираше без голови на гости кај Победа.

Резултати: Башкими – Борец 1-1, Охрид – Македонија ЃП 0-1, Победа – Брегалница 0-0, Беласица – Арсими 0-1, Вардар Неготино – Осогово 1-0, Каменица Саса – Кожуф 1-1.

Табела: Македонија ЃП 41, Брегалница 34, Башкими 33, Арсими 32, Детонит 26, Скопје 25, Каменица Саса 25, Охрид 24, Кожуф 23…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести