Некогашниот соиграч на Горан Пандев официјално е нов тренер на Интер!

Романецот Кристијан Киву (44) и официјално е наследникот на Симоне Инѕаги на клупата на Интер, а договорот му е до 30-ти јуни 2027 година.

Киву кој е некогашен играч на Интер и член на „златната генерација“ која во 2010 година освои тројна круна, доаѓа со тренерско искуство од Парма кој ја водеше неколку месеци и ја спаси од испаѓање од Серија А, откако претходно беше тренер и на тимовите на Интер за играчи до 14, 17, 18 и 19 години.

- Оглас -

Најнови вести