Дани Карвахал и Хоселу додека беа соиграчи во Реал Мадрид, заедно се радуваа на многу победи, освоени трофеи, но тие имаат многу повеќе од спомените во дресот на Кралскиот клуб.
Карвахал уште е во Реал Мадрид и ја има капитенската лента, додека Хоселу игра многу далеку од Шпанија, во катарскиот тим Ал-Гарафа. Сепак, овие двајца фудбалери се заеднички поврзани преку нивните жени. Карвахал е во брак со Дафне Кањизарес, додека Хоселу е оженет со нејзината сестра Мелани.
Хоселу е во брак со Мелани од 2016 година и токму тие двајца беа „виновници“ што се запознаа Карвахал и Дафне, кои својата врска ја крунисаа со брак во 2022 година. На тој начин, Хоселу и Карвахал и официјално стана дел од заедничко семејство.
View this post on Instagram
Дафне и Мелани се близначки, кои се родени во Мајорка, а имаат холандски корени. Двете започнале да работат како стујардеси, па подоцна се фокусирале на други работи. Дафне работи како модел, инфлуенсерка, а има и сопствена агенција за организирање свадби, додека Мелани е фокусирана на модата и лајвстајлингот.
Двете семејства се проширија. Дани и Дафне имаат два сина (Мартин и Мауро), додека Хоселу и Мелани ги имаат синовите Лео и Лукас.
View this post on Instagram

