Некој нов Реал Мадрид во следната сезона: Анчелоти ќе ја менува формацијата

Карло Анчелоти се подготвува за последната сезона како тренер на Реал Мадрид, затоаш што италијанскиот стратег во летото 2024 година ќе стане селектор на Бразил. Кралскиот клуб веќе подолго време работи на подмладување на тимот, а со доведувањето на Џуд Белингем и Арда Ѓулер се доведе „свежа крв“ во средниот ред.

Токму во средниот ред треба да има промени во формацијата на Реал, кој е препознатлив во играта 4-3-3. Според шпанските медиуми, Кралевите се подготвени во новата сезона да ја сменат формацијата во 4-4-2, а најмногу може да настрадаат искусните Лука Модриќ и Тони Крос.

Се очекува на голот да биде Куртоа, стоперските места да ги заземат Милитао и Алаба, а по страничните делови во дефанзивата да се Карвахал (десно) и Фран Гарсија (лево). Во средината треба да преовладува младоста и таму да бидат Чуамени, Валверде, Камавинга и Белингем. Искусните Модриќ и Крос треба да бидат со редуцирана минутажа, а тука треба да се наметне и „турскиот Меси“, Ѓулер.

Бразилците Винисиус и Родриго кои досега играа по страничните офанзивни позиции, сега би биле прва опција во двоецот во нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести