Неколку дербија и еден несекојдневен пар во понудата на Спортска прогноза

Типувањето за новото 16-то коло на Спортска прогноза е во тек. Од вчера веќе можете да ги прогнозирате исходите на 13-те меча од основната понуда и двата резервни пара, а тоа можете да го направите сè до сабота, до 16 часот, за кога е закажан почетокот на првите натпревари кои се од англиската Премиер лига.

Први на списокот се дуелот меѓу Брајтон и Шефилд јунајтед и Њукасл против Кристал палас, а потоа следува и дербито за второто место помеѓу Манчестер сити и Лестер. Саботната понуда завршува со еден меч од шпанската и француската лига.

Во неделните седум меча, традицијата вели дека најголем дел од натпреварите што се играат од 12 часот во Шпанија завршуваат со победа на домаќинот, а за да продолжи приказната, овојпат задолжен е тимот на Леганес во дуелот со Еспањол. Сериозна задача за сите прогнозери ќе биде да се погоди исходот на дербито помеѓу непредвидливите Аталанта и Милан.

Предизвик е да се погоди и исходот на лондонскиот дуел на Тотенхем и Челзи, а необично, има и италијански Суперкуп, во кој силите ќе си ги одмерат Јувентус и Лацио.

За понеделник, како финале на новото коло, ви го нудиме мечот од турското првенство меѓу Денизлиспор и Аланијаспор.

Од тие што досега типувале, засега ваши најголеми фаворити се Манчестер сити, Тотенхем и Јувентус.

Играта е забавна и едноставна, а наградите се примамливи. Уште го чекаме првиот мајсторот што ќе ги погоди сите 13 двојки во исто коло и ќе ја добие премијата IPhone XS што ја доделува Sport Life.

Точно погодени исходи на двата резервни дуели се многу важни во битката за Генерален пласман. Тука продолжува супер интересната трка за лидерската позиција, која носи убава награда, смарт телевизор од 48 инчи. Засега со 106 поени врвот го чува Христијан, а зад него во клубот 100 има уште 13 учесници.

До крајот на втората сезона на Спортска прогноза има доста време, па сè уште има шанса за сите да се обидат да ја решат енигмата 13+2.


- Оглас -

Најнови вести