6709 Флора – Фарул (18.00 часот)
Романскиот првак го доби првиот меч со 3-0, а и реваншот ќе се игра во Романија, во Овидиу, па Фарул е фаворит и на овој меч. Ова е единствен меч денеска од квалификациите во Конференциската лига. Во битката за влез во групите, Фарул или Флора Талин ќе се сретнат со Карабах или ХЈК Хелсинки. Флора викендов во домашната лига победи со 4-0, но Фарул е поквалитетен тим и треба да го покаже тоа.
Предлог тип: 2 (2.25)
1547 Санта Клара – Торенсе (19.00 часот)
Ова е последен меч од првото коло во португалската втора лига. Санта Клара во минатата сезона беше прволигаш и важи за фаворит, а за неа ова е прв дуел во август, откако на крајот на јули беше елиминирана на пенали од Тондела во купот. И Торенсе испадна од купот. Ова се екипи кои ретко играат нерешено, па може да се очекува да има победник и во таков случај, кецот е пореален од двојката.
Предлог тип: 1 (1.75)
1094 КПР – Норвич (20.45 часот)
Овој дуел во Лондон треба да одреди кој ќе му се спротивстави на Бристол сити во 32-финалето од англискиот Лига куп. Квинс парк ренџерс освои три, а Норвич четири бода во првите две кола од Чемпионшип. Канаринците играа добро и во подготвителниот период. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуела на овие екипи завршија нерешено, со 0-2 гола. КПР уште од 2018 година не знае за победа над Норвич.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.09)
6000 Манчестер сити – Севиља (21.00 часот)
Во последните десет години, само еднаш европскиот Суперкуп го освои победникот на Лигата на Европа, во другите девет случаи пехарот го освојуваше најдобриот во Лигата на шампионите, кој и сега е фаворит на хартија. Сити нема да смета на Де Бројне, Рубен Дијаш и Бернардо Силва, кои се повредени. Севиља киксира викендов во Ла Лига и не е во добро расположение. Во минатата сезона овие тимови се сретнаа во групната фаза на ЛШ, победуваа Граѓаните со вкупна гол-разлика 7-1.
Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.73)
1292 Викингур – КР Рејкјавик (21.30 часот)
Ова е дуел на два тима од Рејкјавик кои вечерва ќе се борат за влез во финалето на Купот на Исланд. Викинзите се фаворити, не само затоа што се домаќини туку и поради формата во којашто играат во првенството, каде што се лидери со осум бода предност пред вториот. Викингур во април дома го совлада КР со 3-0, победи и во јули како гостин со 2-1, но последниот пат кога се сретнаа во Купот, а тоа беше во јануари, славеше КР со 2-0.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.03)