Светската фудбалска куќа во следните неколку дена ќе го казни Манчестер сити со забрана за трансфери во следните два преодни рока поради прекршување на правилата околу ангажман на млади играчи. Англискиот првак веќе се соочува со истраги од страна на УЕФА и ФА за слични причини, но и за прекршување на финансискиот фер плеј.
„Граѓаните“ ќе ги снајде исто што и Челзи. Клубот од Лондон речиси пред еден месец доби забрана за купување фудбалери во следните два преодни рока, а „сините“ платија и парична казна од 460.000 фунти. Сити ќе плати речиси иста сума, односно 400.000 фунти.
ФИФА веќе неколку години трага по неправилности во документацијата на Манчестер сити, иако клубот избегна санкција за трансферот на младиот Аргентинец Бенјамин Гаре, кој пристигна во Манчестер во 2016 година, непосредно по својот 16-ти роденден.