-1.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Нема да има „Јави се јужна“ на следниот меч на Баерн во Лигата на шампионите

По употребата на пиротехнички средства од страна на навивачите на Баерн за време на домашниот натпревар од Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон на 9-ти декември, Дисциплинската комисија на УЕФА изрече санкции врз германскиот клуб. 

Делот од јужната трибина на „Алијанц Арена“ во Минхен каде се најгласните фанови на Баварците, кој е веднаш зад голот, ќе биде затворен за време на следниот домашен натпревар на клубот во ЛШ, против белгиски Ројал унион Сен Жилоа на 21-ви јануари. Клубот од Минхен е казнет и парично, со 50.000 евра.

Баерн објави дека поради техничката невозможност за откажување само на 4.800 билети за блокираните сектори како што бара УЕФА, одлучи да ги откаже сите 9.336 билети за цел долен кат од јужната трибина и парите ќе им бидат вратени на навивачите кои имаат сезонски билети за тие сектори кои се принудно затворени.

- Оглас -

Најнови вести