Нема да одигра ниту една секунда во новата сезона, а ќе заработи 40 милиони долари

Кевин Дурант летоска реши да си замине од Годен стејт и потпиша четиригодишен договор со Бруклин нетс. Еден од најдобрите НБА-играчи ќе заработи неверојатни 164 милиони долари. Во Бруклин го доведоа Дурант иако знаеја дека е тешко повреден. Олстар-ѕвездата се повреди во финалето од ланската сезона против Торонто.

Денеска само беше потврдено тоа што се знаеше од претходно. Дурант ќе ја пропушти цела сезона, но договорот со Бруклин му гарантира дека ќе ги добие парите за кои се договорил. Тоа значи дека без да одигра ниту една секунда, Дурант ќе заработи 40 милиони долари.

Играјќи за Голден стејт, еден од најдобрите играчи во Лигата освои две шампионски титули. Претходно има настапувано и за Сиетл и Оклахома, а просекот во кариерата му е 27 поени по меч.

- Оглас -

Најнови вести