Ако мислевте дека сте многу младолики, треба да знаете дека секогаш има поекстремни случаи од вашиот. На завчерашниот пријателски меч помеѓу Бурсаспор и Фенербахче камерите снимија едно дете како пуши цигара.
Ајде што е забрането во Турција да се пуши на места како што се стадионите, туку тоа го прави дете. Клипот со детето со цигарата го гледаа милиони луѓе на интернет, но всушност станува збор за своевиден трик.
Навивачот на Бурса не е дете како што мислат сите кога првпат ќе го видат, туку 36-годишен маж.
https://www.youtube.com/watch?v=6nYoSHibwBM