Герет Бејл може да игра на наредните натпревари на Реал Мадрид без да се плаши од суспензија бидејќи нема да добие казна за прославата на голот против Атлетико Мадрид. Тогаш Бејл провокативно гестикулираше кон домашните навивачи, но сепак нема да биде казнет, како што не беа казнувани ниту некои негови колеги од Барселона кога правеа слични работи.
Дисциплинската комисија во Шпанската фудбалска федерација не најде причина за да му изрече суспензија на Бејл, иако од Атлетико бараа такво нешто. На Бејл му се закануваше суспензија од еден до три натпревари, но тоа нема да се случи и Бејл е кандидат за да биде во почетниот состав на вечерашното дерби од Купот против Барселона.
https://www.youtube.com/watch?v=9OwZLQoZq0Y