-7.2 C
Skopje
петок, 2 јануари 2026

Нема кој да даде гол во Премиер лигата, од четирите меча денеска, три завршија 0-0

Манчестер сити се лизна на гостувањето кај Сандерленд и одигра само 0-0, и покрај многуте шанси.

Сандерленд е еден од двата тима заедно со Арсенал кои сезонава немаат пораз на домашен терен во Премиер лигата. На ремито на Сандерленд со Сити ќе се радува и лидерот Арсенал кој сега има четири бодови повеќе од тимот на Пеп Гвардиола.

Тотенхем после ремито без голови со Брентфорд, остана без победа во јануарски меч од 2024 година (во јануари 2025 ги загубија сите четири премиерлигашки средби) кога му дадоа гол и победија баш против Брентфорд кој тогаш го водеше сегашниот тренер на Тотенхем, Томас Френк.

Инаку, ова вечерва е прво реми од 0-0 на Тотенхем од мај 2022 година наваму, кога одиграа со најнепопуларниот резултат против – Брентфорд. Серијата на Петлите без резултат 0-0 беше 137 премиерлигашки мечеви едноподруго.

- Оглас -

Најнови вести