6.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Нема крај на кризата на Ливерпул, загуби и од Брентфорд (Видео)

Кризата на Ливерпул во Премиер лигата и натаму трае. Актуелниот шампион вечерва загуби и на гостувањето кај Брентфорд со 3-2, па сега веќе падна на шестата позиција на табелата. Очигледно дека блескавото издание против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите, тимот на Арне Слот не можеше да го повтори и во англискиот шампионат. Ова е четврти последовен пораз за Ливерпул во Премиер лигата.

Данго Оутара во петтата минута најави дека Брентфорд не е заинтересиран за пораз, а Кевин Шаде во 45-тата минута зголеми на 2-0. Ливерпул замина со еден гол негатива на одморот откако Милош Керкез погоди во судиското продолжение од првиот дел.

Игор Тијаго од пенал во 60-тата минута повторно донесе два гола предност за Брентфорд, а Мохамед Салах само постигна утешен погодок во 89-тата минута. Сепак, Ливерпул не го избегна поразот на ова гостување.

- Оглас -

Најнови вести