Нема крај на трансферите во Саудиска Арабија: Бразилецот замина кај Бензема и Канте

Бразилскиот дефанзивец Луис Фелипе си заминува од Бетис и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија и тоа во екипата на Ал-Итихад. трансферот го потврдија челниците на тимот од Севилја, а шпанските медиуми пренесуваат дека Бетис ќе добие околу 25 милиони евра оштета.

Фелипе во Бетис дојде минатото лето и по само една сезона си заминува. Има играно и во Лацио и Салернитана во Италија. Бразилецот е петто засилување за тимот од Џеда, откако дресот на Ал-Итихад летово ќе облекоа супер ѕвезди како Карим Бензема, Нголо Канте, Фабињо и Жота.

 

- Оглас -

Најнови вести